„Трагедија што претставува шок за целото човештво - исправна политиката за градење на ѕид“ | Правдико

Правдико

   

„Трагедијата што претставува шок за целото човештво – исправна политиката за градење на ѕид“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Израел вчера изјави дека давењето на стотици Африканци во водите на Либија е трагедија, но дека оваа несреќа ја потврдува и оправдува политиката на градење на безбедносен ѕид што ќе го блокира пристапот на африканските имигранти во нивната земја.

afrika-begalci

Јизраел Кац, министерот за транспорт и врски во претходната влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху ја нарече смртта на стотици имигранти во неделата во Медитеранот “трагедија што претставува шок за целото човештво”, но таа покажува дека Европа тешко се справува со приливот на имигранти.

“Погледнете колку е исправна политиката на израелската влада за изградба на ѕид долж границата со Египет за на работниците имигранти од Африка да им го блокира пристапот до Израел”, напиша Кац на својот Фејсбук профил.

Оградата на Израел со Египет е зацврстена во 2012-та и на тој начин во голема мера се намали приливот на имигранти кои пристигнале во Израел во изминатата деценија.

Од 2013-та година, Израел стави во затвор повеќе од 40.000 африкански мигранти, од кои многумина избегаа од немирите во Еритреја и Судан.

Организацијата за човекови права ја критикува оваа политика.

Освен што голем број на потенцијални имигранти се држат во прифатните центри во пустината, илјадници добиле привремена виза и им било овозможено да живеат во преполните сиромашни квартови надвор од Израел.

Израел дава автоматски државјанство на Евреите. Имигрантите од Африка од израелските власти се одбиваат и не им се дава имигрантска виза, тврдејќи дека тие се економски бегалци, а не политички.

Препорачуваме

Партнери на Правдико