Тракторите да се регистрираат на секои 6 години - предлог измени | Правдико

Правдико

   

Тракторите да се регистрираат на секои 6 години – предлог измени

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

traktorСо Законот за возила се уредуваат условите за пуштање на пазар и користењето на возилата, регистрацијата и техничката исправност на возилата, условите за извршување на работи на техничките служби, правните лица за технички преглед и правните лица за регистрација и регистарот на податоци за возилата. Пред да се пуштат возилата во сообраќај на патиштата, потребно е да се изврши регистрација на возилата, но претходно во станиците за технички преглед се врши проверка на техничката исправност на возилата, односно за секое моторно возило треба да се исконтролираат сите уреди, а воедно да се измерат и издувните гасови од моторите на возилата.

Во изминатиот период се овозможи со измени и дополнувања на Законот за возила да се предвиди постапка за легализација на тракторите и тракторските приколки, по што за истите не постои пречка да се регистрираат. Сепак, во моментов сопствениците на трактори се обврзани технички преглед на тракторите да прават секоја година, како и да ги регистрираат тракторите еднаш во текот на годината. Со оглед на тоа што станува збор за моторни возила со специфична намена во земјоделството, кои не ја загрозуваат безбедносста на сообраќајот на патиштата потребно е да се предвидат поповолни услови за технички преглед и регистрација на тракторите. Исто така, потребно е да се обезбеди основ во законот за утврдувањето на сопственичкиот статус, всушност легализација на мобилни машини, мотокултиватори, приколка за домување, како и возила од категориите О1, О2 и L.

Со Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за возила се овозможува тракторите да се регистрираат на секои шест години, а технички преглед на истите да се прави на секои две години. Исто така, со Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за возила потребно се предвидува утврдувањето на сопственичкиот статус, всушност легализација на трактори и тракторски приколки, мобилна машина, мотокултиватор, приколка за домување, како и возила од категориите О1, О2 и L (приколки и возила со две или три тркала).

Предлог измените можете да ги превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико