Трамп го потпиша законот за буџетот на Пентагон за 2019 година | Правдико

Правдико

   

Трамп го потпиша законот за буџетот на Пентагон за 2019 година

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Американскиот претседател Доналд Трамп го бранеше проектот за формирање вселенски сили за време на церемонијата на потпишување на законот за буџетот за Пентагон во рекорден износ од 716 милијарди долари.

„Мислам дека нашите војници заслужуваат опрема и ресурси кои ги заработија со крв, пот и солзи“, изјави тој. Според законот, 69 милијарди долари се наменети за операциите кои се во тек во Сирија, Авганистан, Ирак и Сомалија.

Трамп додаде дека за формирање на вселенските сили ќе биде потребно дополнително финансирање што треба да го одобри Конгресот.

„Вселената, како небото, копното и морето стана бојно поле“, рече Трамп и додаде дека некои противници, како Кина веќе почнале да се вооружуваат за Вселената.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико