Трамп ја донесе првата одлука за Западен Балкан | Правдико

Правдико

   

Трамп ја донесе првата одлука за Западен Балкан

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги продолжи вонредните мерки за Западен Балкан, кои пред 16 години ги воведе тогашниот претседател Џорџ Буш. Како што објави Белата куќа, се работи за уредба која во 2001 година ја донел Буш. Одлуката, меѓу другото, опфаќа и објава на таканаречената црна листа на лица и организации што се под санкции на САД, поради кршење на Дејтонскиот мировен договор и закана за националната безбедност и интересите на САД. Од почетокот на оваа година, на листата се наоѓа лидерот на Република Српска, Милорад Додик, пренесуваат сараевските медиуми.

Санкциите против Додик опфаќаат забрана за патување во САД и замрзнување на имотот на територијата на САД, како и сите земји кои се придружуваат кон санкциите. Буш во 2001 година донесе извршна уредба со која се прогласува дека се загрозени интересите на САД од поединци и организации во Босна и Херцеговина, Македонија и на Косово.

Уредбата предвидува низа правни последици, вклучувајќи и блокади на имоти, забрана за влез во САД и финансиски трансакции за хашки осуденици и околу 150 лица и организации кои се доведуваат во врска со осуденици за воени злосторства, терористички организации или поткопување на Дејтонскиот мировен договор. Вашингтон смета дека тие лица го загрозуваат мирот и процесот на стабилизација во регионот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико