Трамп ја шокирал Меркел: Фактура од 300 милијарди долари долг кон НАТО
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Британските медиуми откриваат детали од средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел, која очигледно не минала така дипломатски мирно.
Имено, Трамп и врачил на Меркел фактура во вредност од 300 милијарди долари, колку што наводно Германија му должи на НАТО сојузот.
„Концептот за составување на таквото барање го изнел домаќинот (Трамп), но канцеларката смирено ја прифатила провокацијата“, рекол германски министер, кој во вторникот е цитиран од страна на британски „Сандеј тајмс“.
Се нагласува дека сумата што е запишана на фактурата, всушност се долговите на Германија кон воениот сојуз, кои се направени последниве 12 години, впрочем колку што Меркел е на власт.
Членките на НАТО, потсетува Индипендент, во 2014 прифатија да одвојуваат 2 проценти од БДП за буџетот на Алијансата. Фактурата ја подготвиле помошниците на американскиот претседател, но се разбира на негово барање, заклучуваат британските изданија.
Извор: Макфакс