Трамп ја смени државната обвинителка | Правдико

Правдико

   

Трамп ја смени државната обвинителка

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја смени државната обвинителка, Сели Јејтс, која се спротивстави на неговата иниграциона политика.

Сели Јејтс која беше вршител на должноста државен обвинител, а која на таа позиција остана како кадар на претходниот претседател Барак Обама се додека Конгресот не го потврди именувањето на Џеф Сешн, напишала писмо во кое како шеф на сите државни обвинители, објави дека таа институција нема намера пред судовите да го брани указот на Трамп.

„Моја задача е да обезбедеам ставовите кои ги заземаме пред судовите да бидат во согласност со обврската на оваа институција, а тоа е секогаш да биде на страната на правдата и да го брани она што е исправно. во овој момент не сум уверена дека бранењето на оваа уредба би била во согласност со мојата задача, а не сум убедена дека оваа извршна уредба е законска. Додека јас ја исвршувам должноста на главен државен обвинител, Министерството за правда нема да изнесува аргумети кои ќе ја бранат уредбата“, напишала Јејтс.

На нејзиното писмо следуваше експресна реакција на Трамп, кој по само неколку часа донел одлука за нејзина смена. Трамп го назначил Дејн Боентеј за нов вржител на должноста.

Во соопштението кое го објави Белата куќа стои дека Јејтс „извршила предавство кон Министерството за правда“, а дека демократите во Конгресот намерно одолговлекуваат со изборот на Сешон, со цел да ги опструираат политичките цели на Трамп.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико