Трамп ќе продолжи да ги штити работните права на ЛГБТ-заедницата | Правдико

Правдико

   

Трамп ќе продолжи да ги штити работните права на ЛГБТ-заедницата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе продолжи да го спроведува указите за заштита на права на ЛГБТ-заедницата на работното место, соопшти Белата куќа.

„Претседателот Доналд Џ. Трамп е одлучен да ги заштити правата на сите Американци, вклучувајќи ја и ЛГБТ-заедницата. Претседателот Трамп продолжува да ги почитува и да ги поддржува ЛГБТ-правата, исто како што тоа го правеше за време на изборите“, стои на соопштението објавено на веб-страницата на Белата куќа.

Од Белата куќа наведуваат дека претседателот Трамп е горд што кој е првиот номиниран од Републиканската партија, кој ја спомнал ЛГБТ-заедницата во својот говор за прифаќањето на номинацијата, заложувајќи се за заштита на заедницата од насилство и од опресија.

„Указот кој е потпишан во 2014 година, кој ги штити вработените ЛГБТ-лица од дискриминација на работното место, додека работат за федерални изведувачи, ќе остане непроменет по наредба на претседателот Доналд Џ. Трамп“, соопшти Белата куќа.

Извор: Мета

Партнери на Правдико