Трамп најавува построг визен режим за некои европски земји | Правдико

Правдико

   

Трамп најавува построг визен режим за некои европски земји

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за британски “Times” и германски “Bild” изјави дека НАТО е застарена организација, а исто така се осврна и на ситуацијата во Европската унија (ЕУ), визниот режим за Европејци, како и на односите со Русија.

„НАТО има проблем. Таа алијанса е застарена, создадена е пред многу, многу години, и не се потруди во борбата против тероризмот,“ рече Трамп.

„Треба да ги штитиме тие земји, а многу од нив не плаќаат колку што е потребно. Тоа е многу нечесно кон САД“, додаде тој.

Говорејќи за мигрантите во Европа, Трамп нагласи дека нивното масовно доаѓање би можело да предизвика распаѓање на Европската унија. „Мислам дека нема да биде лесно да се оддржи ЕУ заедно.“

На темата Блиски исток, Трамп најави дека неговиот зет Џеред Кушнер ќе го задолжи да издејствува спогодба на Блискиот исток.

Тој ја повика Британија да вложи вето на секоја нова резолуција на Советот за безбедност на УН која ќе се однесува критички спрема Израел. Трамп ги повтори критиките на сметка на американскиот претседател во заминување Барак Обама.

Во интервјуто за Bild, Трамп рече ќе размислува да воведе строги рестрикции за некои Европејци кои сакаат да патуваат во САД.

„Такво нешто би требало да се случи. Зборуваме за делови на Европа каде што имаме проблеми, за Европејци кои доаѓаат во САД и прават проблеми кои не ги сакаме,“ рече Трамп.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико