Трамп најми нови адвокати за судењето за импичментот | Правдико

Правдико

   

Трамп најми нови адвокати за судењето за импичментот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, објави нов правен тим за судењето за импичмент во Сенатот непосредно пред истекот на рокот за поднесување на неговиот одговор на обвинението. Двајцата адвокати кои ќе го застапуваат Трамп, Дејвид Шен, чест телевизиски правен коментатор, и Брус Кастор, поранешен окружен правобранител во Пенсилванија, вчера дадоа изјави со кои го потврдија нивното учество во одбраната, откако сите пет члена на оригиналниот правен тим, наводно, се разделиле со поранешниот претседател ден порано во врска со разликите во стратегијата.

Дејвид Шен и Брус Кастор се „високо ценети судски адвокати“ со потекло од кривичното право и одбраната, се вели во изјавата на Трамп. Судскиот процес за импичмент на Трамп е закажан да започне на 9 февруари.

Адвокатот Кастор се соочи со остри критики за неговата одлука да не го обвинува актерот Бил Козби во случај на сексуални злосторства, додека адвокатот Шен го застапуваше сојузникот на Трамп, Роџер Стоун, и рече дека разговарал да му се придружи на адвокатскиот тим на Џефри Епстајн во 2019 година, пред самоубиството на американскиот финансиер додека беше во затвор за наводите за сексуална трговија со малолетни девојчиња.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико