Трамп номинира конзервативец за судија во Врховниот суд | Правдико

Правдико

   

Трамп номинира конзервативец за судија во Врховниот суд

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Американскиот претседател Доналд Трамп доцна синоќа го именуваше конзеравтивецот Нил Горсач за деветти судија во Врховниот суд, пренесува BBC. „Горсач има извонредни правосудни способности, има брилијантен ум и извонредна дисциплина“, рече Трамп и додаде дека судиите во Врховниот суд се именуваат на доживотна функција и дека тие можат да работат 50 години и да донесуваат одлуки кои што можат да бидат во сила повеќе од еден век.

Горсач (49) до сега беше федерален судија во американскта сојузна држава Колорадо.

Трамп потсети дека во текот на предизборната кампања на гласачите им ветил дека ќе го пронајде најдобриот судија во целата земја, наведувајќи дека биографијата и академксите референци на Горсач, вклучувајќи и диплома од Универзитетот Колумбија и Правна школа на Унверзитетот Харвард, не можат да бидат подобри.

Претседателот на САД ги повика демократите и републиканците во Сенатот, кои мора да ја потврдат номинацијата на Горсач, да се обединат „за благосостојба на земјата“.

Горсач номинацијата за Врховен суд ја нарече „најважна задача“ и додаде дека доколку Сенатот ја потврди, ќе стори се што е во негова моќ „за да му служи верно на Уставот и законите на оваа голема земја“, пренесе Voice of America (VOA).

Неговото именување треба да го потврди Сенатот, а таа потврда би можела да наиде на потешкотии како во случајот со кандидатот на досегашниот претседател Барка Обама, чија номинација беше отфрлена од републиканското мнозинство.

Со изборот на Горсач би можело да се обнови конзервативното мнозинство во највисиокиот суд на САД, кој со своите одлуки пресудува во спорни прашања како на пример абортусот, контрола на вооружувањето, смртната казна и верските права.

Местото судија во Врховниот суд е празно од фебруари 2016 година кога почина Антонин Скали, кој важеше за контроверзен судија.

Скали имаше пофални зборови за Горсач, кого го нарекуваше „лав на законот“. Како и Скали, и Горсач е познат по остриот стил на пишување.

Врховниот суд на САД има девет судии.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико