Трамп од новиот указ за мигрантите ќе ги исклучи Ирачаните
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го отстрани Ирак од списокот земји чиишто државјани нема да можат 90 денови да влезат на територијата на САД, откако првата верзија од указот му е блокирана од федералниот суд и се водат жалбени постапки, објави извор од Белата куќа.
Другите шест доминантно муслимански земји Иран, Либија, Сирија, Сомалија, Судан и Јемен, ќе останат на листата.
Ирак е отстранет од листата бидејќи ирачката влада вовела дополнителни мерки за контрола на имиграциската процедура и поради заедничката борба против џихадистичката организација Исламска држава. Илјадници Ирачани се бореа рамо до рамо со Американците или логистички им помагале во тоа, рекол изворот за Reuters.
Новиот извршен указ, кој американскиот претседател Доналд Трамп според најавите би требало да го потпише подоцна во понеделникот, нема да ги опфаќа ниту десетиците илјади луѓе од споменатите земји, коишто имаат ткн „зелена карта“ или постојано престојуваат во САД.
Извршниот указ од 27-ми јануари го забрануваше влезот во САД на државјаните на споменатите седум земји со муслиманско мнозинство на 90 дена, за бегалците и 120 денови а трајно за и нивно преместување за сириските бегалци.
Указот предизвика протести во САД и критики во светот, а одлуката е суспендирана по одлуката на американскиот сојузен суд.
Трамп, меѓутоа, целиот овој период упорно го брани извршниот указ 13769 „За заштита на земјата од влез на странски терористи“, тврдејќи дека таа е потребна за да се заштитат Американците од терористи кои би можеле да влезат во САД од некоја од овие земји, а во уредбата не се споменува директно терминот ислам.
Трамп се реши на нова верзија на указот, бидејќи смета дека така ќе ги избегне долгите процеси пред судовите.
Извор: Макфакс