Трамп планира да потпише извршна наредба што ги таргетира социјалните мрежи | Правдико

Правдико

   

Трамп планира да потпише извршна наредба што ги таргетира социјалните мрежи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира денеска да потпише извршна наредба што ги таргетира социјалните мрежи, пренесува „Њујорк пост“.

Секретарот за печат во Белата куќа, Кајли Мекенани, пред новинарите во средата вечерта изјави дека наредбата се однесува на социјалните мрежи, но не се дадени дополнителни детали.

Трамп претходно во средата вети голема акција против компаниите што стојат зад социјалните мрежи за кои верува дека ги цензурираат републиканците и се закани дека ќе ги затвори ако продолжат со тоа.

Мерката доаѓа во екот на одлуката на „Твитер“ во вторникот да додаде фусноти за проверка на фактите на дното на двата твита на Трамп за гласањето по пошта.

Одлуката на „Твитер“ го налути Трамп, кој во средата ја нападна компанијата, но и технолошката индустрија пошироко.

„Големите технолошки компании прават сè што е во нивна моќ да ЦЕНЗУРИРААТ пред изборите во 2020 година. Ако се случи тоа, ние веќе немаме своја слобода. Никогаш нема да дозволам да се случи тоа! Тие максимално се трудеа во 2016 година и загубија. Сега апсолутно полуделе. Бидете во тек!!!“, твитна Трамп во средата вечерта.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико