Правдико

   

Трамп сака да го укине државјанството според раѓање

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да потпише извршна наредба со која ќе стави крај на уставното право на државјанство за децата на нелегални имигранти или луѓе што не се државјани на САД, кои се родени на американска територија.

Според 14 амандман од Уставот на САД, сите деца родени во САД имаат право на американско државјанство.

Во дел од интервју за ХБО, кој беше објавен денесека, Трамп вели:

„Ние сме единствената земја во светот каде што некој доаѓа и раѓа бебе и бебето всушност е државјанин на САД во наредните 85 години со сите придобивки што ги носи тоа.“

„Тоа е смешно. Смешно. И тоа мора да прекине“, вели Трамп.

Сепак, спротивно на тврдењата на американскиот претседател, многу земји даваат државјанство според раѓање, меѓу кои и соседите на САД, Канада и Мексико.

Трамп не кажа кога ќе ја потпише наредбата, но рече дека „е во процес и ќе се случи“.

На прашањето во врска со законитоста на таквата извршна наредба, Трамп рече: „Велат дека можам да го направам тоа само со извршна наредба“.

Укинувањето на правото на државјанство според раѓање би предизвикало судска битка околу тоа дали претседателот може да поништи уставен амандман.

Изјавата на Трамп доаѓа во пресрет на изборите во САД на 6 ноември.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико