Трамп стана почесен граѓанин на албански град | Правдико

Правдико

   

Трамп стана почесен граѓанин на албански град

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во изненадувачки потег, градоначалникот на албанскиот град Камза, Џелал Мзиу го прогласи новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за почесен граѓанин. Градот Камза има над 100 илјади жители и е во близина на албанскиот главен град Тирана. „Балкан Инсајт“ информираше дека градоначалникот Мзиу, член на десната демократска партија, ја објави оваа информација на својот фејсбук профил и на веб-страната на градскиот совет.

24112016122728_web_donald-trump-b

– Членови на градскиот совет едногласно ја изгласаа одлуката – се вели во соопштението. Додаваат дека победникот на американските избори има револуционерен модел на нов демократски поредок, дека е експерт во економијата, успешен преговарач во надворешната политика, со мудри комуникациски вештини и лидер во модерното време.

Дополнително, во одлуката е наведена и кратка историја за Трамп, вклучувајќи ја одлуката на Трамп со која ја одби претседателската плата.

– Доналд Трамп ги претставува најдобрите вредности од Њујорк и нуди надеж за сите Американци кои со причина се чувствуваат предадени од политичката елита – се вели во одлуката.

Ова не е прв пат Камза да привлече внимание преку оддавање почит на светски карактери. Во 2013 година, Мзиу иницираше пракса за именување на улици по светски лидери и големи странски градови. Како резултат на ова, во Камза има улици наречени Џорџ В. Буш, Силвио Берлускони, Мустафа Кемал Ататурк, како и Менхетен, Париз, Лондон и други.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико