Трамп за суспендирањето на неговиот указ: Ако се случи нешто обвинувајте го судијата | Правдико

Правдико

   

Трамп за суспендирањето на неговиот указ: Ако се случи нешто обвинувајте го судијата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја смета за опасна одлуката на судијата од Сиетл за суспендирање на неговиот извршен указ за имигрантите според кои на државјаните на седумте мнозински муслимански земји, може и натаму да влегуваат на територијата на САД.

На 27-ми јануари претседателот Доналд Трмап го потпиша извршниот указ 13769 „За заштита на земјата од влез на странски терористи“, со кој во рок од 90 дена се суспендира издавање визи за државјаните на седум муслимански држави: Иран, Ирак, Јемен, Либија, Сирија, Сомалија и Судан. Указот, исто така, и им наложува на Стејт департментот и на Министерството за национална безбедност да го суспендираат распоредувањето на бегалците по сојузните држави на 120 дена, како и на неодреден рок се суспендира прифаќањето бегалци од Сирија.

„Не можам да верувам дека судијата ја става нашата земја во таква опасност. Доколку нешто се случи, обвинете го него и правосудниот систем“, напиша Трамп на Twitter.

„Му дадов инструкции на министерството за внатрешна безбедност да ги контролира сите лица коишто влегуваат во нашата земја многу внимателно. Судовите ја правата задачата особено тешка“, порачува американскиот претседател во друга објава.

Окружниот жалбен суд во Сиетл одби во неделата да донесе итна мерка со којашто би ја суспендирала одлуката на федералниот судија Џејмс Робарт која важи на целата територија на САД за поништување на претседателскиот извршен указ за забрана за влез во земјата на државјаните од седумте земји.

Министерството за правосудство во саботата му достави на судот најава за жалба за одлуката на судијата Робарт и побара неговата одлука моментално да биде отповикана и на сила да се врати указот на Трамп.

Министерството за правда напиша дека оваа судска одлука, донесена во петокот, ѝ нанесува моментална штета на американската јавност и го оневозможува спроведувањето на извршната уредба и ги доведува во прашање национално –безбедносните процени на претседателот и неговата администрација, како што претставува влегувањето во земјата на одредени групи и најдобриот начин за намалување на тој ризик.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико