Трансформација во работен однос и за оние кои имале прекин поради бременост/раѓање -Предлог измени | Правдико

Правдико

   

Трансформација во работен однос и за оние кои имале прекин поради бременост/раѓање -Предлог измени

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Со Законот за трансформација во редовен работен однос („Службен весник на Република Македонија” број 20/15) се регулира постапката за вработување и ограничување на бројот на лица кои може да се ангажираат со договор за волонтирање, договор на дело и/или авторски договор или друг договор со кој лицето е ангажирано за извршување на работа (договор), кои извршуваат работа во органите на државната власт, установите од областа на културата, образованието, здравството, детската и социјалната заштита основани од Република Македонија и единиците на локална самоуправа, како и јавните претпријатија, заводите, фондовите и други правни лица чиј основач е Република Македонија.

Со предложените изменување и дополувања се врши доуредување и се предвидува трансформирање во работен однос на неопределено работно време да се применува и за лицата кои имале прекин на договорот со кој биле ангажирани за извршување на работа поради бременост и/или раѓање, а кои имаат важечки договори во моментот на трансформирање на работниот однос. На овие лица ќе им се трансформира работниот однос доколку имале договори за ангажирање во институцијата за три последователни месеци што непосредно претходат на прекинот поради бременост и/или раѓање, а по завршување на прекинот повторно се ангажирани во институцијата со договор и го исполнуваат условот од став 2 на членот

По исклучок на одредбите од став 1 од овој член, трансформирање во работен однос на неопределено работно време ќе се применува и за лицата кои имаат прекин на договорот со кој биле ангажирани за извршување на работа поради бременост и/или раѓање во моментот на трансформирање на работниот однос, а кои имале договори за ангажирање во институцијата за три последователни месеци што непосредно претходат на прекинот поради бременост и/или раѓање. Со цел да се утврди исполнетоста на условот и времетраењето на периодот на
прекинот поради бременост и/или раѓање, се предвидува формирање на Комисија од страна на министерот за здравство. Комисијата ќе издава потврда врз основа на веродостојна медицинска документација, договорите за ангажирање на лицата и потврди за извршени исплати.

Условот и времетраењето на периодот за прекин поради бременост и/или раѓање Комисијата ги утврдува согласно прописите кои ги
уредуваат правата за отсуство од работа поради бременост и/или раѓање. Се предлага комисијата да биде составена од три члена и нивни заменици од кои два члена и нивни заменици се на предлог на Министерот за здравство и еден член и негов заменик се на предлог на директорите на ФЗОМ. Согласно ова се предвидува доколу е потребно институциите да ги усогласат актите за систематизација во рок од
15 работни дена од денот на влегување во сила на законот.

Покрај ова се предлага да се зголеми рокот во кој институциите се должни да склучат договори за засновање на работен однос на неопределено време, односно да донесат решенија за вработување со лицата ангажирани со договор. Во однос на ограничувањата од членовите 8 и 9 од Законот со предложените измени и доплни се предвидува истите да не се однесуваат за повремени набљудувачи и стрелци во Управата за хидрометеоролошки работи и за лица за непосредно прибирање на податоци во Државниот завод за статистика.

Предлог измените можете да ги превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико