„Транспортер“ ќе го суди судијката Лидија Петровска | Правдико

Правдико

   

„Транспортер“ ќе го суди судијката Лидија Петровска

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кривичниот суд го одобри обвинителниот акт за случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство против 21 лице, меѓу кои е градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Предметот е распореден кај судијката Лидија Петровска, чие име се споменуваше во прислушуваните разговори што ги објави опозицијата и стана позната како јавноста како „сваровски“ судијка. Терминот за одржување на главна расправа сè уште не е закажан.

Петровска го суди и вториот предмет што го отвори СЈО-„Тврдина 2“, кој се однесува на фалсификување документи со кои се прикрило уништувањето на опремата. Продолжувањрто на јавната расправа е закажано за 3 јули.

Инаку, за предметот „Транспортер“ СЈО покрена обвинение уште во април.

Овој случај беше еден од предметите што СЈО ги презеде од редовните обвинителства, поточно од битолското обвинителество. Во конкретниот случај се товарат градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, како и претседателот на Комисијата за јавни набавки, кои во договор со директорите на училиштата и раководните лица на неколку превозни компании организирале превоз за учениците во општината, за кој во СЈО рекоа дека бил „поскап и од оној во Токио“.

СЈО за 11 лица достави предлог за притвор, а беше побарана и забрана за располагање со имот ,како и конфискација за 3 стана, 6 патнички возила и 33 автобуси. Градоначалникот Талевски доби куќен притвор, кој двапати му беше продолжуван.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико