Транзит и краткорочен престој во Украина од 90 до 180 дена без виза
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и амбасадорот на Украина во земјава, Наталија Задорожњук, потпишаа спогодба за условите за заемни патувања на државјаните од двете земји.
Спогодбата ги уредува правилата и начинот за воспоставување и практикување на безвизниот режим помеѓу Северна Македонија и Украина (без никакви документи како услов за влез) и им овозможува на државјаните на двете земји, носители на биометриски патни исправи, влез, транзит и краткорочен престој од 90 до 180 дена без виза.
Оваа спогодба се очекува да даде особен придонес за натамошно интензивирање на севкупната соработка, особено на економски план, преку олеснување на деловните врски и контакти меѓу двете земји, како и развој на туризмот.
На средбата што следеше по потпишувањето на спогодбата беа потврдени традиционално добрите односи меѓу Северна Македонија и Украина, а стана збор и за актуелни прашања од заемен интерес, се наведува во соопштението.
Извор: Макфакс