Треба да се конфискува криминално стекнатиот имот на Мијалков, смета министерот Спасовски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Институциите треба да се насочат кон утврдување на имотот на избеганиот поранешен директор на тајната полиција и да се конфискува оној што е криминално стекнат, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Одговарајќи на новинарско прашање, Спасовски објасни дека МВР нема увид во сметките на Мијалков.
„МВР не е институцијата што одобрува замрзнување сметки и други активности ниту, пак, ги гледа тие сметки. Управата за финансиско разузнавање има обврска за тоа да утврди колку и какви сметки има и тоа го прават. Прашањето треба да го насочиме кон тоа каков е имотот на Мијалков и да се конфискува, криминално стекнатиот имот треба да се конфискува, да се одземе во интерес на државата. Во тој дел треба да постапуваат институциите“, рече министерот Спасовски.
Тој повтори дека имаат сознанија оти Мијалков уште е во Македонија затоа што имаат увид во секое време на граничните премини, од каде што може да добијат информации. Спасовски рече дека нема податоци дали Мијалков има друго државјанство, освен македонското.
Извор: Макфакс