Правдико

   

Трета меѓународна научна конференција „Кон подобра иднина: Човекови права, организиран криминал и дигитално општество“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 03.10.2020 година (четврток) со почеток во 10 часот ќе биде отворена третата по ред меѓународна научна конференција „Кон подобра иднина: Човекови права, организиран криминал и дигитално општество“ во организација на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Оваа година, поради пандемијата со новиот коронавирус, конференцијата ќе се одржи online преку Google Meet платформата.

На отворањето на конференцијата, ќе се обратат министерот за правда на Република Северна Македонија, г-дин Бојан Маричиќ, заменик министерот за образование и наука, г-дин Арафат Шабани, деканот на Правниот факултет при УКЛО, вон. проф. д-р Горан Илиќ, како и раководителката на Центарот за научно – истражувачка работа при Правниот факултет, вон. проф. д-р Ангелина Станојоска.

На пленарната сесија, свои излагања ќе имаат проф. д-р Дина Зигел од Willem Pompe Институтот за казнено право и криминологија при Универзитетот во Утрехт, Холандија; вон. проф. д-р Дениз Серт од Одделот за меѓународни односи при Озјегин Универзитетот во Истанбул, Турција; како и доц. д-р Малгоржата Пацек од Центарот за Европа при Универзитетот во Варшава, Полска.

Партнери на Правдико