Третина од студентите во студентските домови во Скопје имале искуство со корупција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Студентите сместени во трите дома во Скопје „Стив Наумов“, „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Гоце Делчев“, дале оценка 2,95 од скалата од 1 до 5, за условите и стандардот на живот во студентските домови, покажува истражувањето на Младинскиот образовен форум (МОФ) кое опфатило 300 станари во овие домови.
Од вкупниот годишен буџет на ДСД-„Скопје“, кој од 2014 до 2018 просечно е околу 3,5 милиони евра, само 15 проценти се издвојуваат за исхрана на студентите, а 28 отсто се за плати за вработените, а останатите за одржување на домовите. Дневниот трошок за подготовка на храна е 61 денар по студент, т.е. појадок, ручек и вечера, а во тој износ треба да се вклучат и млечни и месни производи и овошје. Нормативот за исхрана е 100 денари (сооднос 20/40/40), но и тој износ, според истражувачите, не би бил доволен со оглед на високите трошоци.
Според истражувањето, 40 проценти од испитаните студенти забележале коруптивни дејства во домовите (за добивање легло или привилегии), а 33 отсто имале лично искуство со некое коруптивно дејство. На прашањето дали би учествувале во коруптивно дејство, негативно одговориле повеќе од 70 проценти, а 89 проценти не знаат каде да пријават корупција доколку забележат.
Извор: Радио Слободна Европа