Трето обвинение за Груевски – Ќе одговара за набавката на луксузниот „мерцедес“ | Правдико

Правдико

   

Трето обвинение за Груевски – Ќе одговара за набавката на луксузниот „мерцедес“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судечките совети кои постапуваат по предметот „Тенк“ и за предметот од Специјалното јавно обвинителство означен како „Трезор“ оформени по одобрување на обвинителните акти на СЈО, одредија термини за одржување главна расправа, и тоа 30.01.2018 година за вториот предмет на 05.02.2018 година, соопшти кривичниот суд.

Предметот „Тенк“ е за набавката на екстралуксузниот „мерцедес“, во кој првообвинета е Гордана Јанкулоска, а обвинети се и Ѓоко Поповси и Никола Груевски.  Апелацискиот суд Скопје одлучи прислушуваните разговори за набавката на „мерцедесот“ да бидат доказ во судењето за случајот „Тенк“.

Обвинението за „Трезор“ е за набавка на опрема за потребите на Петтата управа во МВР. СЈО за овој предмет објави дека има докази на 14 страници, како и сведоци. Во овој предмет обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски, кој е во екстрадициски притвор, ексшефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, и помошник-министерот во МВР и поранешен член на Управен одбор на Телеком, Небојша Стајковиќ, дека злоупотребиле државни пари за набавка на опрема за лично богатење.

В. М.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико