„Трезор“: Крпач на СЈО му ги открил тајните на „братските“ фирми | Правдико

Правдико

   

„Трезор“: Крпач на СЈО му ги открил тајните на „братските“ фирми

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Клучниот сведок на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Трезор“, Коста Крпач, на 27 април годинава, околу 13.20 часот, беше пронајден мртов во станот на улицата Народен фронт, во населбата Капиштец. Првите индиции, според МВР, беа дека се работи за самоубиство. Сепак, и по по пет месеци од настанот, Јавното обвинителство, кое го води овој случај, сè уште ја нема завршено истрагата.

krpac-kombe-860x680

Денеска СЈО ја обелодени истрагата за злоупотреба на средствата од државниот буџет преку фирмата „Финзи“ ДООЕЛ Скопје, чиј сопственик во еден период бил Коста Крпач. Тој подоцна се јавува и како сведок на ова обвинителство. СЈО сомничи четири лица дека преку оваа фирма злоупотребувале државни пари под параванот на набавка на опрема за потребите на УБК.

Крпач беше и едно од лицата помилувани од претседателот Ѓорге Иванов.

По информациите во медиумите дека тој бил осомничен, од СЈО веднаш реагираа дека против Крпач никогаш не била водена кривична постапка и тој никогаш немал својство на осомничено лице.

„Ве известуваме дека лицето Коста Крпач доброволно се јави во ова јавно обвинителство и имаше својство на сведок во рамки на една предистражна постапка. Соработката со сведокот беше беспрекорна и се работеше за исклучителна личност, така што веста за неговата смрт ги погоди сите вработени во ова јавно обвинителство. Во оваа пригода, сакаме да изразиме длабоко сочувство до членовите на семејството на сега покојниот Коста Крпач“, стоеше во соопштението од СЈО.

Основното јавно обвинителство (ОЈО) двапати издаваше наредба за обдукција.

Последен пат ова обвинителство за случајот на Крпач се јави на 27 јули, со соопштение во кое тврдеа дека во текот на предистражната постапка во предметот за починатото лице било утврдено дека станува збор за самоубиство.

„Притоа, Основното јавно обвинителство – Скопје продолжува и понатаму да работи на утврдување на причините и на околностите под кои настапила смртта на лицето К.К. Во таа насока, се очекуваат резултатите од уште едно вештачење, но и податоци од други институции кои во јавноста излегоа со тврдења дека поседуваат информации за случајот. Меѓу објавите, беше и соопштението дадено од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, во кое истакнува дека, цитираме: „Воедно Ве известуваме дека ова јавно обвинителство поседува докази за многу релевантни околности, вклучително и за притисокот под кој се наоѓаше лицето Коста Крпач…“. Неопходно е да истакнеме дека од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите и по повторна ургенција не е доставен ниту еден доказ ниту, пак, каква било релевантна информација во таа насока“, одговорија од Обвинителството на прашањата на „Мета“ дали е завршена предистражната постапка за случајот.

Коста Крпач, исто така, се води како сопственик и на фирмата „Финзи“ ДООЕЛ Скопје, преку која оделе сите плаќања за набавката на опрема во Управата за безбедност и контраразузнавање.

Според медиумите, оваа форма во 2009 година се јавува и како прв сопственик на „Систина кардиологија“, подоцна преименувана во „Си-фи кар“ ДООЕЛ Скопје.

„Си-фи кар“ ДООЕЛ во 2011 година дели и иста адреса – Иво Лола Рибар, бр. 59, со сега починатиот Коста Крпач, кому местото на живеење му беше на таа адреса.

По многуте измени во сопственичката структура на „Си-фи кар“, „Финзи“ во 2013 година и официјално отстапува од сопствеништвото, а сега сопственик на фирмата е сестрата на Камчев, Кристина Камчева-Стојческа.

Историјатот на оваа фирма покажува дека во извесен период (2013 – 2015 година), како сопственик на „Си-фи кар“ се јавува швајцарска фирма – „АЦ Инвестмент ЦА“ (AC Investment CA), со адреса Корсо Елвеција 16, Лугано. На истата оваа адреса е лоциран актуелниот сопственик на „Ексико“ – „Т енд МЈ инвестмент“ (T&MJ Investment).

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико