ПРИРАЧНИК Трговија со луѓе и криумчарење на мигранти - Упатства за Меѓународна Соработка | Правдико

Правдико

   

Трговија со луѓе и криумчарење на мигранти – Упатства за Меѓународна Соработка

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_1Овие Упатства се наменети на практичарите на кривично право на Западниот Балкан да им дадат водич лесен за употреба, на секој локален јазик (т.е. албански, босански, хрватски, македонски и српски), во однос на одредени клучни аспекти на меѓународната соработка на полето на ТЛ и КМ на Западниот Балкан.

Не е во опсегот на овие Упатства детално да завлегуваат во користењето на МПП заради задржување на приходите од криминалот, ниту во принципите и процесите вклучени во екстрадицијата. Овие аспекти се покриени во други публикации на ОН. Меѓутоа, за да се истретираат прашањата што ја попречуваат меѓународната соработка во регионов, како што беше пренесено во текот на консултативниот процес, овие Упатства ја разгледуваат меѓународната правна рамка за формална и неформална соработка, вклучувајќи ги и принципите и предусловите на МПП и подготовката на барања за МПП, вклучувајќи ја и алатката на УНОДЦ за пишување барања за МПП.

Рака под рака со овие упатства, како дел од проектните активности, самата алатка за пишување барања за МПП, исто така, беше преведена на локалните јазици и на соодветниот персонал ќе му биде даден потребниот пристап за користење на инструментот на УНОДЦ за МПП он-лајн, како и обука за негово користење.

Целото издание можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико