Три години затвор за екс францускиот министер Жером Кајузак | Правдико

Правдико

   

Три години затвор за екс францускиот министер Жером Кајузак

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

cahuzacafp8decФранцуското правосудство го осуди во четвртокот поранешниот министер за буџет Жером Кајузак на три години строг затвор поради затајување на данок и перење пари во рамките на најголемиот скандал во текот на претседателскиот мандат на социјалистот Франсоа Оланд.

Некогашниот предводник на борбата против затајувањето на данокот, поранешниот министер за буџет Жером Кајузак, покрај трите години строг затвор добил и ограничување во текот на пет години да не може да биде избиран на должности. Неговата сопруга, пак, е осудена на две години строг затвор.

Француското правосудство во четвртокот, исто така, ја осуди и женевската банка „Reyl“ на казна од 1,875 милиони евра, бидејќи била „инструмент за прикривање на имотот“ на Кајузак. Банката е осудена и на максимална казна за перење пари, но ја избегна забраната за вршење банкарска дејност во Франција, како што бараше обвинителството.

Бакарот Франсоа Рејл е осуден на една година затвор условно, и на 375.000 евра казна.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико