Три кривични пријави за градоначалникот на Неготино | Правдико

Правдико

   

Три кривични пријави за градоначалникот на Неготино

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата поднесе три кривични пријави за градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов, за злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Од МВР информираат дека првата кривична пријава е поднесена затоа што градоначалникот на 1.6.2014 година склучил договор со веб-портал од Неготино застапуван од П.М., а предмет на договорот било рекламирање во веб-порталот, објавување огласи и конкурси, објавување текстови за тековното работење и вршење други услуги од информативен карактер за општина Неготино во времетраење од три месеци.

По ова, на 30.9.2014 година бил потпишан нов договор со истите услови со траење до 31.12.2014 година. За погоре наведените договори општина Неготино на застапникот на порталот му исплатила 84.000 денари, без да спроведе тендерска постапка, односно пријавениот постапил спротивно на Законот за јавните набавки.

Исто така, и во текот на 2015, 2016 и 2017 година Апостолов склучил договори со истиот веб-портал застапуван од лицето М.М. од Неготино, со идентичен опис на потреби и вршење други услуги од информативен карактер за општина Неготино, со што на М.М. вкупно по основ на спомнатите договори ѝ се исплатени 396.000 денари од средствата на Општина Неготино, без да спроведе тендерска постапка.

Втората кривична пријава е поднесена затоа што пријавениот издејствувал Советот на Општината на 15.12.2015 година да го ослободи од плаќање комуналии правното лице ДПТУ „Рудуна енергија“ ДОО од Кавадарци, во кое Апостолов бил и во својство на содружник/основач. Фирмата била ослободена од плаќање надоместок за комуналии во висина од 1.765.000 денари, со што за таа сума е оштетен општинскиот буџет.

Во третиот случај Апостолов на 13.10.2015 година донел решение со кое го именувал Љ.Д., вработен како одделенски наставник во ООУ „Страшо Пинџур“ за  в.д. директор на ова основно училиште од Неготино. Притоа пријавениот, спротивно на Законот за образованието, дури на 20 јули годинава донел решение за престанување на вршењето должност в.д. во посоченото училиште спротивно на прецизно нормираните рокови за извршување мандат на вршител на должност.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико