Три лица под истрага за смртта на „комитата“ Никола Саздовски | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Три лица под истрага за смртта на „комитата“ Никола Саздовски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Три лица се под истрага во врска со смртта на 21-годишниот навивач Никола Саздовски, кој почина утрово во болница. Од скопското Обвинителство велат дека по прибирање на релевантниот доказен материјал, негово проучување и анализа, ќе донесе одлука во која ќе утврди и правна квалификација на стореното дело.

Од таму велат дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против три лица за сторено кривично дело насилство од член 386, став 6, во врска со став 3, во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во ова кривично дело во став 6 е нормирана и настаната тешка телесна повреда или смртна последица од извршеното кривично дело насилство.

Саздовски на 29-минатиот месец околу 17.30 часот беше нападнат во Автокоманда од три лица што излегле од автомобил „мерцедес“. По нападот, лицата избегале, а тој во неконтактибилна состојба бил пренесен на клиника во Скопје. Оттогаш беше во кома, а почина утрово. Надлежен јавен обвинител денеска донесе наредба за вршење обдукција за да се утврди од што точно починал.

Полицијата на 2 јули поднесе кривична пријава против Б.Б. (20), С.Д. (21) и Ј.Љ. (19), сите од Скопје, за сторено кривично дело насилство.

Никола беше навивач на „Вардар“. Од навивачката група „Комити“ изразија револт зошто осомничените се гонат за насилство.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико