Правдико

   

Три лица во Гостивар осомничени за разбојништво врз камионџија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Осомничените, на 25 октомври, во близина на наплатна станица на автопатот Гостивар-Тетово, замолиле едно лице – српски државјанин, да ги превезе со неговиот камион марка Сканиа како автостопери. Кога се качиле во кабината на камионот, едниот од осомничените физички го нападнал оштетениот, удирајќи го неколкупати во пределот на лицето и нанесувајќи му телесни повреди. Потоа, му се заканил со нож дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на оштетениот. Сите тројца пребарувале по кабината на камионот и од една од преградите одзеле паричник во кој имало околу 9.000 српски динари, 50 евра, како и кредитна картичка.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар достави и Предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени. Судот го прифати предлогот и на осомничените им определи притвор во траење од 30 дена.

Партнери на Правдико