Три опозициски пратенички ќе ја контролираат УБК | Правдико

Правдико

   

Три опозициски пратенички ќе ја контролираат УБК

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Роза Топузова-Каревска, Солза Грчева и Љубица Буралиева, трите пратенички од листата на коалицијата на СДСМ кои ги прифатија мандатите се избрани за членови и заменик-членови во двете надзорни собраниски комисии за контрола на работата на УБК и Агенцијата за разузнавање и на прислушувањето.

17bab2fd-0f17-4fac-a949-03c42721a581-ubk-400x260

Топузова-Каревска е избрана за член на Комисијата за надзор на УБК и АР, а за заменичка во ова тело е избрана Буралиева. Во ова тело на местото на досегашниот член Васко Наумовски од ВМРО-ДПМНЕ доаѓа Антонио Милошоски.

Грчева е избрана за член во Комисијата за контрола на мерките за следење на комуникациите, каде што заменик-член ќе биде Топузова-Каревска.

Комисијата за надзор над УБК и АР има осум члена, од кои шестмина се од парламентарното мнозинство, а другите двајца, како и претседателот, се од опозицијата.

Комисијата за контрола на мерките за следење на комуникациите брои четири члена и претседател, кој треба да биде од редовите на опозицијата, која треба да го има и мнозинството во ова собраниско тело.

Извор: еМагазин

Партнери на Правдико