Трибуналот ги испитува околностите за смртта на Праљак
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Хашкиот трибунал соопшти дека ќе формира независна експертска комисија која ќе ги испитува околностите за смртта на Слободан Праљак. Како што е наведено во соопштението, Секретаријатот на Трибуналот поради потполнување на актуелната истрага на холандските органи во врска со смртта на Праљак покрена независна експертиза која ќе се фокусира на интерна операција МКСЈ, а во согласност со стандардните процедури.
Трибуналот наведува дека експертите, на чело со судијата од Гамбија, ќе почнат со работа следната недела за да се заврши до крајот на годината, кога се затвора МКСЈ.
Холандската обвинителка Мерилин Фикинешер изјавила дека Праљак во хашката судница од шишенце испил смртоносна хемија, по што починал. Таа не прецизирала за каква супстанца станува збор.
Извор: Макфакс