Триесет дена притвор за Катица Јанева
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судија на претходна постапка ѝ определи 30-дневен притвор во истрагата за случајот „Рекет” како третоосомничена. Таа има право на жалба преку нејзините адвокати до кривичниот совет.
Притворот го побара Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Јанева е обвинета дека ја злоупотребила службената положба и овластување и влијаела за поповолна позиција на осомничениот Орце Камчев во предметот „Империја”.
Во притвор за истиот случај веќе втор месец се осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милевски.
Извор: Макфакс