Триесет и шест возачи казнети поради пребрзо возење
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, три со лесни телесни повреди и три со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а пет лица со лесни телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 36 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 24 возачи од кои: шест возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило, двајца возачи затоа што биле возачи почетници и тројца поради други сообраќајни прекршоци.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 10 возила: девет биле нерегистрирани, а едно возило поради техничка неисправност. Во текот на изминатите денови издадени се 125 мандатни платни налози, додека 46 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
Извор: Макфакс