Тринаесет лица учествувале во престрелката со автоматски пушки и пиштоли пред казино во Тетово | Правдико

Правдико

   

Тринаесет лица учествувале во престрелката со автоматски пушки и пиштоли пред казино во Тетово

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тетовското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против учесниците во престрелката, која во петокот се случи меѓу две групи по расправија во казино во Тетово.

Како што информираат од Обвинителството, настанот се случил на 30 октомври годинава кога четворица осомничени вработени во агенција за обезбедување, од една страна, и другите осомничени, од друга, дошле во конфликт поради изгубени пари во казиното во износ од 3.600 евра од страна на еден од осомничените.

Притоа, со автоматски пушки и пиштоли предизвикале значителна опасност за животот на луѓето, и тоа на место каде што биле собрани поголем број луѓе.

Во соопштението на тетовското Јавно обвинителство се наведува дека против три лица се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело – предизвикување општа опасност, како и за кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Кривични пријави во врска со овие деликти се поднесени против уште двајца осомничени, од кои едниот е во бегство. За другите осум пријавени лица, за кои постои сомнение дека биле инволвирани во инцидентот, ќе биде поведена скратена постапка за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.

Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за петтемина осомничени за кои беше донесена наредба за спроведување истражна постапка. Од страна на судијата ваквиот предлог беше прифатен и на осомничените им е определен притвор во траење од 30 дена. За осомничениот, кој е во бегство, мерката ќе почне да се применува од неговото пронаоѓање и апсење.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико