Триста членови на Фронтекс и 15 бродови пристигнаа во Грција | Правдико

Правдико

   

Триста членови на Фронтекс и 15 бродови пристигнаа во Грција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На грчките острови се распоредени 293 припадници на Агенцијата за контрола на надворешните граници на ЕУ (Фронтекс), како и 15 бродови во Атина кои ќе помогнат да се справат со притисокот на мигрантите.

Grcka

Распоредувањето следи по барање на Грција, но е помало од тоа што грчката влада се надеваше.

Број на членови на Фронтекс ќе биде повремено зголемен на 400 – се вели во соопштението на = Фронтекс.

Во рамките на операцијата за брза интервенција која се нарекува “Посејдон” ќе биде испратена и дополнителна техничка опрема и бродови, се додава во соопштението.

Според проценките на Фронтекс, вкупниот број на бегалци кои доаѓаат до грчките острови во декември ќе достигне околу 80.000.

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико