Правдико

   

Тркалезна маса: „Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување’

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во рамките на проектот „Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување’’, финансиран од Европската Унија и Советот на Европа како дел од Хоризонталната програма за Западен Балкан и Турција, а кој го спроведува Советот на Европа, беше изготвен предлог за воспоставување надворешен механизам за контрола на работата на вработените во Министерството за внатрешни работи со полициски овластувања и на припадниците на затворската полиција.

Предлогот беше доставен до релевантните институции и беа изготвени измени на неколку закони кои беа усвоени од страна на Собранието како предуслов за воспоставување на надворешниот механизам за контрола на работата на полицијата.

По формирањето на Одделението за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција во рамки на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција со надлежност да спроведува кривична истрага и гонење за кривични дела кои се однесуваат на членовите 2 и 3 од ЕКЧП, Програмска канцеларија на Советот на Европа во Скопје организира три тркалезни маси низ државата со цел да се подигне свеста за надворешниот механизам за контрола кај националните чинители и стручната јавност. Тркалезните маси ќе се одржат на 06 февруари 2019 г. во Скопје, 07 февруари 2019 г. во Штип и на 08 февруари 2019 г. во Битола. (Нацрт агенда во прилог кон ова известување)

Во контекст на горенаведеното, двајца адвокати од Скопје  ќе можат  учествуваат на тркалезната маса која ќе се одржи на 06 февруари 2019 г. во Скопје, двајца адвокати од Штип  ќе можат учествуваат на тркалезната маса на 07 февруари 2019 г. во Штип и двајца адвокати од Битола ќе можат учествуваат во работата на тркалезната маса која ќе се одржи на 08 февруари 2019 г. во Битола.

Адвокатите кои се заинтересирани да учествуваат задолжително да се пријават на меил адресата – lawyermk@mba.org.mk .

Партнери на Правдико