Правдико

   

Tркалезна маса: „Меѓународни и домашни обврски за превенција и сузбивање на трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 9 мај 2018 (9.30 ч -11.30ч) во Скопје, во организација на Совет на Европа ќе се одржи тркалезна маса на тема “Меѓународни и домашни обврски за превенција и сузбивање на трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација”.

Тркалезната маса е дел од програмата на Хоризонталниот инструмент, кој претставува рамка за соработка помеѓу ЕУ и Советoт на Европа со цел да им се помогне на земјите од Западен Балкан полесно да ги исполнат Европските стандарди.

На тркалезната маса ќе бидат презентирани насоките за приватниот сектор, агенциите за вработување и синдикатите во однос на превенцијата и сузбивањето на трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација, а свои излагања со практични примери ќе имаат домашни и странски експерти.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk.

Партнери на Правдико