Tркалезнa маса на тема: “Јакнење на координација помеѓу внатрешните и надворешните тела за инспекција на затворите”
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев” во соработка со Советот на Европа и Бирото за Извршување на санкции при Министерството за правда на Република Македонија, организира три еднодневни тркалезни маси на тема “Јакнење на координација помеѓу внатрешните и надворешните тела за инспекција на затворите”. Советувањето е наменето за судии од Врховниот суд на Република Македонија, јавни обвинители од Јавното обвинителство на Република Македонија, судии од кривичните оддели, јавни обвинители, адвокати од Апелационите подрачја Битола, Штип и Скопје, како и претставници на други релевантни институции.
Трите еднодневни тркалезни маси ќе се одржат во следните термини:
- 7 октомври 2015 година во Битола
- 8 октомври 2015 година во Штип
- 9 октомври 2015 година во Скопје
Сите адвокати кои се заинтересирани да земат учество на овие тркалезни маси, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk, со наведување на датумот на тркалезната маса за која се пријавуваат.