ТРКАЛЕЗНА МАСА: „Општокорисна работа и условен отпуст во светло на новиот Закон за пробација“ | Правдико

Правдико

   

ТРКАЛЕЗНА МАСА: „Општокорисна работа и условен отпуст во светло на новиот Закон за пробација“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Aкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со ИПА Проектот  „Понатамошна поддршка за независно, одговорно, стручно и ефикасно судство и промоција на условната казна“ организира тркалезна маса на тема  „Општокорисна работа и условен отпуст во светло на новиот Закон за пробација“ која ќе се одржи на 16.05.2016 во просториите на Академијата.

adv

Тркалезната маса е наменета за адвокати, судии и јавни обвинители од кривичните оддели, преставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика и Управата за извршување санкции.

Излагачи на настанот ќе бидат г. Енди Стелман, експерт на ИПА проектот од областа на кривичното право и Весна Бабиќ, експерт за пробација, поранешен директор на Пробациската служба на Република Хрватска.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk најдоцна до 15 мај  Бројот на учесници е ограничен  на 5 и изборот ќе биде според принципот „ прв дојден – прв услужен“.

Препорачуваме

Партнери на Правдико