Правдико

   

Тројца мигранти пронајдени удавени во Сува Река кај Гевгелија

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Три безживотни тела утрово биле пронајдени во Сува Река, во близина на македонско – грчката граница, а според првичните информации најверојатно станува збор за мигранти, информираат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи.

kamp-begalci-vo-grcija

Според првичните официјални информации, утрово околу 6.45 часот во полициската станица во Гевгелија било пријавено дека се пронајдени три тела во Сува Река.

– Станува збор за тела на една жена и двајца мажи. Во моментов се врши увид на местото. Се претпоставува дека се работи за мигранти – ни изјавија од МВР.

Засега не се знае како точно настрадале мигрантите. Првичните претпоставки се дека најверојатно се удавиле во обид да ја минат реката, која изминативе денови е надојдена поради обилните врнежи од дожд.

Од МВР за „Мета“ брифираат дека биле спасени 23 мигранти на кои екипи на полицијата и на гевгелиската територијална противпожарна едница им помогнале да се извлечат од надојдената вода во коритото на Сува Река.

Четворица од мигрантите се хоспитализирани во Медицинскиот центар во Гевгелија, додека останатите 19 се сместени во Прифатниот центар кај македонско – грчката граница.

Според првичните неофицијални информации, меѓу настраданите нема деца. Се претпоставува дека станува збор за мигранти со потекло од Авганистан.

Како што информираат од МВР, утрово околу 3 часот, кај Сува Река, група од околу 20 до 30 мигранти, кои илегално влегле во Македонија, при обид да го преминат коритото, заглавиле во реката бидејќи нивото на водата било големо.

Извор: Мета

Партнери на Правдико