Правдико

   

Тројца насилници за време на полицискиот час предизвикале тепачка во Куманово

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кумановското Основно јавно обвинителство поднесе предлози за казни против три лица од овој град кои со намера да предизвикаат тепачка го прекршиле полицискиот час, односно ограничувањето на движењето воведно како мерка против коронавирусот.

Обвинетите на 24 март, околу 22.15 часот, заедно отишле во дом на друго лице од Куманово со кого имале претходни несогласувања.

Најпрвин почнала расправија, а потоа и физичка пресметка. Поради нарушување на јавниот ред и мир, биле повикани полициски службеници, кои констатирале дека напаѓачите сториле кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

За стореното кривично дело, Обвинителството до Основниот суд во Куманово предложило на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од 20 евра во денарска противвредност.​

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико