Тројца полски министри и претседателот на Сејмот поднесоа оставки | Правдико

Правдико

   

Тројца полски министри и претседателот на Сејмот поднесоа оставки

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полските министри за финансии Матеуш Шчурек, за здравство Бартош Арлукович и за спорт и туризам Анджеј Бјернат, како и претседателот на Сејмот, Радослав Сикорски, поднесоа оставки на функциите, соопшти вечерва премиерката на Полска, Ева Копач.

10062015210600_poland-resignations-wiretapping-scandal.si

Како што јавија полските медиуми, оставките на четворицата членови на владејачката партија Граѓанска платформа (ПО), следуваат откако денеска во јавноста протекоа информации за текот на истрагата во врска со аферата од пред една година за прислушување на високи владини претставници.

Објавувајќи ги оставките, Копач изјави дека сака да ја поврати довербата на гласачите во ПО, која, според анкетите на јавното мислење, на четири месеци пред изборите заостанува по популарноста зад опозицската партија Право и правда за пет до 10 проценти.

Премиерката нагласи дека е неопходно да биде избран нов јавен обвинител, кој ќе ја води истрагата за аудиснимките објавени минатата година, со прислушувани приватни разговори меѓу високи владини претставници, водени во два ресторани во Варшава.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико