Тројца поранешни министри во Гватемала уапсени поради корупција | Правдико

Правдико

   

Тројца поранешни министри во Гватемала уапсени поради корупција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

child_arrest_2416186bТројца поранешни министрите во Гватемала се уапсени под обвинение за злоупотреба на државни средства, а по други двајца полицијата се уште трага, соопштија властите во централноамериканската држава

Петмината осомничени биле министри во владата на поранешниот претседател Ото Перес Молина, кој веќе е уапсен под обвинение за перење пари и заговори. Молина ги отфрла обвиненијата. Во притвор е и неговиот поранешен заменик Роксана Балдети, исто така поради обвинение за корупција.

Поранешните министрите за одбрана Улисес Ансуело и Мануел Лопес, како и поранешниот министер за внатрешни работи Маурисио Лопес Бонија се уапсени, според главниот обвинител Телма Алдана, како дел од група, која потрошила 4,3 милиони долари државни пари за купување скапи подароци, меѓу коиу и куќи, јахти и еден хеликоптер за Молина.

Според Алдана групата собирала секоја година средства за да купува скапи подароци за роденденот на претседателот. Парите биле предавани преку Хуан Карлос Монсон, тогашен секретар на Балдети. Сега Монсон соработува со обвинителите, кои ја водат истрагата.

Меѓународни потерници за апсење се издадени и против поранешните министри за енергетика Ерик Арчила и за комуникации Алехандро Синибалди.

Избор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико