Тројца руски државјани обвинети за обид да ограбат банкомат во Скопје | Правдико

Правдико

   

Тројца руски државјани обвинети за обид да ограбат банкомат во Скопје

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против три лица, државјани на Руската Федерација, за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 и член 22 на Кривичниот законик.

Обвинетите, по претходен договор, на 14 март се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети – пари, така што со погоден рачен алат се обиделе механички да дејствуваат и да направат отвор во банкомат на Халк банка на улица „Методија Митевски“ во Скопје за да ги одземат парите што се наоѓале во банкоматот. Во тој момент биле затекнати од овластени службени лица на Министерството за внатрешни работи и биле спречени во намерата.

Препорачуваме

Партнери на Правдико