Правдико

   

Тројца Срби ја ограбиле златарницата во Прилеп

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за внатрешни работи Битола до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против тројца српски државјани поради сомнение за кривично дело разбојништво, односно тие се товарат дека ја ограбиле златарницата во старата градска чаршија во Прилеп. Покрај тоа, кривични се поднесени и против двајца прилепчани за кои полицијата се сомнева дека помогнале во разбојништвото.

Како што информираат од МВР, во утринските часови на 25 декември минатата година, додека вработена во златарницата „Бубамара“, лоцирана во старата прилепска чаршија, го поставувала излогот, 35-годишен српски државјанин со чекан го скршил стаклото од влезната врата и влегол внатре, а по него и неговиот 41-годишен ортак, кој вперил пиштол кон вработената и почнал да го собира златниот накит од излогот и од сефот во кој имало и торбичка со пари.

Потоа, заедно со 38-годишниот возач, кој ги чекал пред дуќанот со автомобил „форд фиеста“, побегнале од местото на настанот.

Двајцата 44-годишни прилепчани на Србите им помогнале така што едниот им обезбедувал сместување, храна, мобилни телефони и друга логистика, а вториот им помагал за прикривање на автомобилот.

Како што информираат од МВР, прилепчаните се приведени и предадени на ОЈО.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико