Тројца турски државјани обвинети за фалсификат ПЦР тестови
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Против тројца државјани на Република Турција, поднесено е обвинение за фалсификување исправа, според Кривичниот законик, информираат од скопското јавно обвинителство.
Обвинетите, на пасошка контрола при излез од државата, на граничниот премин на меѓународниот аеродром Скопје, прикажале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, кои наводно биле издадени од една лабораторија во Скопје.
Потврдите ги прикажувале како вистински, иако знаеле дека воопшто не се тестирале во наведената лабораторија и дека не поседуваат серитфикат за негативен ПЦР тест.
Извор: Макфакс