„Трпение, спасение“, им порача судијата Шабани на адвокатите во „Топлик“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Заврши денешното рочиште за „Топлик“ во кој првообвинет е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Следното рочиште е закажано за 29 јуни кога се очекува СЈО да презентира дел од доказите за кои одбраната побара да бидат изведени и прочитани. Претходно одбраната побара од 608-те докази, 83 да се читаат и презентираат јавно на рочиште.
Судијата во предметот Осман Шабани остави време и простор за обвинителите да ги подготват доказите како и можност да ги презентираат оние докази кои тие сметаат дека треба.
Одбраната, исто така, побара да се испита вештакот на СЈО пред вештиот наод да биде прифатен како доказ. „Имаме пракса и во други предмети на СЈО, како ‘Тенк’ и ‘Триста’ кога вештите лица на СЈО не беа доказ додека судот не побара да бидат испитани“, Сања Алексиќ.
„Трпение, спасение. Законот е јасен, вештиот наод ќе биде доказ само ако вештакот дал исказ“, им порача судијата на адвокатите.
Тој претходно го одби барањето на одбраната да се утврди дали станува збор за оригинални примероци или копии на доказите со образложение дека има доволно време да се направи увид.
Во „Топлик“, освен Јанакиески, обвинети се и Томе Ѓурчилов и Димитар Димовски, како и уште четири други лица, членови на комисијата за јавни наддавањa при Министерството за транспорт и врски како соизвршители. Според обвинението на СЈО, тие ја злоупотребиле службената положба и овластување и го оштетиле буџетот за приближно 1 милион евра продажба на земјиште за месноста „Сончев град“ во Сопиште.
Извор: Макфакс