Трудниците бесплатно ќе добиваат таблети фолна киселина и јод | Правдико

Правдико

   

Трудниците бесплатно ќе добиваат таблети фолна киселина и јод

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Овие суплементи на трудниците дома бесплалтно ќе им ги доставува патронажна сестра, која при своите посети ќе им дава и совети на трудниците за здрава исхрана и животни навики во текот на бременоста.

nikola-todorov_g_2

Сите бремени жени од средината на март ќе добиваат бесплатно таблети фолна киселина и јод, заради правилен развој на плодот и намалување на ризикот од понатамошни здравствени нарушувања на новороденчињата.

Министерството за здравство за оваа цел планира да потроши 12 милиони денари.

Овие суплементи на трудниците дома бесплалтно ќе им ги доставува патронажна сестра, која при своите посети ќе им дава и совети на трудниците за здрава исхрана и животни навики во текот на бременоста.

Во тек е изработката на електронски мајчини книшки, со што здравствените домови ќе имаат точна  евиденција за сите бремени жени. Оттаму, патронажните сестри ќе ја добиваат листата на трудници кои треба да бидат посетени. Се остава и можност, овие суплементи да ги даваат и матичните гинеколози или пак, жените да ги подигнуваат од здравствените домови.

Според министерот за здравство, Никола Тодоров, целта на проектот е поголема достапност на овие таблети до сите бремени жени, особено до оние кои се социјално ранливи категории.

„Во некои држави како САД, Канада, Велика Британија, воведени се задолжителни програми за супелметација на фолна киселина за време на бременоста, а во дел на државите во САД суплеметацијата е бесплатна. Министертсвото за здравство, од средината на март ќе обезбедува бесплатна од утврдување на бременоста до завршување на 13 гестациска недела“, истакна Тодоров.

За оваа цел здравствените домови треба да спроведат постапка за набавка на овие таблети.

Професионалните здруженија од областа на гинекологијата советуваат дека со редовно консумирање на овие таблети се намалува процентот на предвремени породувања, анемија, дефекти на невралната туба и се намалува процентот на деца родени со ниска родилна тежина. Во земјава појавата на анемија кај децата и жените е на високо ниво, а истражувањата за јодниот дефицит покажуваат дека повеќе од 40 отсто од испитаните бремени жени имале недоволен внес на јод.
Недостатокот на јод за време на бременоста може да предизвика нарушување на мозокот на фетусот, што пак предзвикува ментална ретардација и намалување на коефициентот на интелегенција, кај новороденчето.

Извор: Нетпрес

Препорачуваме

Партнери на Правдико