„Труст“ – нова истрага на СЈО, со фалсификат документација „Силекс“ ископувал во Суводол
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со фалсификат документација конзорциум добил јавна набавка вредна повеќе од 17.200.000 евра, а Специјалното јавно обвинителство врз основа на три прислушувани разговори, во вторник, отвори нова истрага под назив „Труст“, против три физички и три правни лица.
Како што појасни специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи, новата истрага ќе покаже до каде одела борбата за добивање тендери и како конзорциум со фалсифиувана документација добил тендер и анекс на договор во вредност од 1.060.000.000 денари или 17.235.772 евра.
Имено, истрагата е покрената од три разговори, од кои два не се објавени, а се работи за ископ на јаглен од Суводол во Битола, за потребите на РЕК Битола, при што осомничени се управителот на Трансмет, второ осомничен е управителот на Силекс неметали и управителот на „Ваго доо“ – Студеничани кои склучиле договор од ЕЛЕМ.
За да учествуваат на тендерот, поднеле фалсификувана документација со која прикажале непостоечка состојба за поседување на механизација, односно покажале договори кои не биле склучени за купопродажба на дампери на дробилица, при што, дробилицата која ја поседувале не соодветствувала со бараната во објавениот тендер. Нивната била помала и неподвижна, а се барала дробилица со поголем капацитет и подвижна.
Комисијата која ги примила документите за учество на тендерот оценила дека конзорциумот поседува соодветна механизација и го одобрила договорот.
На овој начин 1.060.000.000 денари се исплатени од ЕЛЕМ кон конзорциумот, а осомничените сториле злоупотреба на правилата за јавна набавка.
Во постапката на СЈО осомничени се и трите правни лица. Од СЈО појаснија дека во следните денови ќе бараат притвор против две од осомничените физички лица.
Извор: Макфакс