Цакалотос назначен за нов министер за финансии на Грција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Откако Јанис Варуфакис утрово, само неколку часа по историскиот референдум, поднесе оставка од позицијата министер за финансии, неговото столче во кабинетот на грчката влада е експресно пополнето.
Како наследник на Варуфакис е назначен Еуклид Цакалотос пишува српски Блиц.
На овој начин, е исполнета желбата на поранешниот министер, кој во својот говор утрово, истакна дека главниот преговарач на Грција со меѓународните кредитори треба да биде Еуклид Цакалотос и дека тој треба да ја преземе функцијата министер за финансии.
На прашањето дали Еуклид Цакалотос (55), заменик-министер за надворешни работи задолжен за економски прашања, ќе биде негов наследник,Варуфакис рече: “Се надевам.”