Цаноски: Тони Трајковски ми рече да ги тргнам телефоните и дека има наредба од горе
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во кривичниот суд во Скопје продолжи доказната постапка во предметот на специјалното јавно обвинителство – ТНТ. На денешното судење присутните во судницата ја гледаат видеоснимката од надзорната собраниска комисија при Комисијата за транспорт, врски и екологија од октомври 2011 година.
На снимката се гледа дека на почетокот на седницата, пратеникот Јани Макрадули се јавува процедурално и вели оти реагира на забраната што ја издал Жарко Денковски, генералниот секретар на Собранието, да се прави директен ТВ-пренос од надзорната собраниска расправа за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“.
Фијат Цаноски, како присутен на седницата, го прашува обвинетиот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, дали е точно дека на средба со него му рекол дека сè е легално.
На следната средба Трајковски му побарал на Цаноски да ги исклучи телефоните и му рекол дека за уривањето има наредба: „Ми рече да ги тргнам телефоните и дека има наредба од горе“, рече Цаноски во судот.
Предметот ТНТ е за уривање на станбено-деловниот комплекс „Космос“. Меѓу обвинетите се и поранешниот премиер Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски. Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот на Фијат Цаноски.
Извор: Макфакс